Свечено доделување на стипендии од страна на КС Групација

На 24 ноември КС Групацијата  во партнерство со локалните образовни институции ги  поддржаа  младите и образованието.
Овие партнерства со локалните образовни институции означуваат  соработка помеѓу бизнис секторот и идните лидери на Битола.
Договорите вклучуваат стипендии кои обезбедуваат финансиска помош за ученици, додека програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство од реалниот свет. Овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска извонредност и личен раст. 
Еден од  стипендистите  на КС Групацијата е Марко Зајков, ученик во 1-ва година во  СОЕУ „Јане Сандански“.
На свеченото доделување свое обраќање имаше и г-ѓа Билјана Јанкуловска, ВД директор на СОЕУ „Јане Сандански„ , која во својот говор истакна :„  Меморандумот за соработка  меѓу Економското училиште и КС Групацијата значи  дека заеднички и подготвено настапуваме и им даваме можност на учениците подготвени да влезат во процесите на пазарот на трудот. Една од нашите цели е да ги задржиме младите дома каде достоинствено ќе им се вреднуваат  придобивките од нивните знаења и вештини.„
Идните стипендисти на КС Групацијата се: Петар Митревски студент во прва година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Валентин Стојановски студент во втора година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Марко Зајков ученик во прва година во средното економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“, Анастасија Велевска од Факултетот за Економија- смер финасии и банакрство од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет и Ана Марија Крстевска од Факултетот за Економија -смер менаџмент и претприемништво од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

Leave a Reply