ФЕРИЈАЛНА ПРАКСА

Феријална Пракса

Оваа учебна година се планира учениците од економскиот смер, од прва , втора и трета година, од нашето училиште, да изведуваат феријална пракса и учење преку работа, која ќе се реализира според упатствата од ЦССО, во период:

  • I ,II и III година – во текот на јуни, јули и август, учениците ќе реализираат феријална пракса по упатството и програмата од ЦССО во институции и компании со кои училиштето има склучено Меморандум за соработка.
  • III и IV година – во текот на целата наставна година, 4 часа неделно (еден ден) учениците ќе извршуваат практикантска обука – учење преку работа, во институции и компании со кои училиштето има склучено Меморандум за соработка.
  • За учениците од IV година, континуирано во текот на целата учебна година ќе се реализираат посети на соодветни институции со кои нашето училиште има склучено Меморандуми за соработка ( Основен Суд Битола , Собрание на РСМ, Народна банка и др. ). Сите ученици се стекнуваат со знаење од областа која ја изучуваат преку непосреден контакт со работата на вработените во тие институции.