Во училиштето можат да се запишат и да се образуваат во било која струка ученици со завршено основно образование во согласност со Законот за средно образование. Изборот на струката е според нивната желба и афинитет, така на пример, во економската струка можат да се запишат пред се учениците кои имаат желба да водат сметководство (да извршуваат сметководствени работи), комерцијални, претприемнички, маркетинг работи бизнис и ИТ активности.
Дополнителни критериуми за упис на учениците и за економска и за правна струка ги утврдува училиштето, со посебна одлука.
Средно општинско економско училиште „Јане Сандански“ – Битола е верифицирано според наставните планови и програми во кое се врши воспитно-образовна дејност со четиригодишно образование.
Наставните планови и програми во учебната 2021/2022година на завршените ученици им овозможуваат да се здобијат со четиригодишно стручно образование (квалификација) за овие профили (занимања) од економска, правна и трговска струка:
1. Економски техничар од економската струка, четиригодишно образование
Овие ученици со завршување на овој наставен план и наставни програми ќе се здобијат со диплома на економски техничар од III ниво на стручна оспособеност (квалификација) со четиригодишно образование.
Учениците кои се образуваат во нашето училиште се здобиваат со диплома од соодветната струка и степен на стручна оспособеност и ќе можат да се вработуваат како економски техничари и техничари за е- трговија и дигитален маркетинг.
Завршените ученици од образовните профили од економска струка можат да најдат вработување во фирми и претпријатија, банки и други трговски друштва, како и во јавната администрација чија основна дејност е производство или вршење на услуги.
Сите овие ученици кои со успех ќе го завршат средното образование и обука имаат можност да се вработат во ИТ компании јавната администрација и другата администрација во државната управа, судовите, јавните и другите установи, јавните претпријатија трговските друштва, каде ќе ги извршуваат административно-канцелариските и поедноставните правни работи, самостојно или како асистенти и другите стручни лица кои ја водат работата.
Освен тоа економските и техничари за е-трговија и дигитален маркетинг се оспособени да основаат и водат сопствен бизнис.
Според наставниот план и наставните програми за реформирано модуларно средно стручно образование, учениците од економската струка по завршувањето на прва и втора година од економска струка можат да го продолжат своето образование за образовен профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, што значи четиригодишно стручно образование и обука (трето ниво на стручна квалификација).
Во училиштето може да се запишат и ученици во втора година кои прва годинаја завршиле во некое друго средно стручно училиште со полагање на диференцијални испити, карактеристични за образовниот профил на струката.
Во училиштето можат да се запишат и учениците кои прва година ја завршиле во гимназиите, исто така, со полагање на диференцијални испити карактеристични за образовниот профил.
Се разбира во пракса вакви префрлања на ученици се прават само ако има некаква оправданост и под услов ако постојат слободни места во паралелките, каде бројот на учениците во паралелка не надминува 34.
Учениците во трета година можат да се определат и да изберат предмет во функција на стручно доусовршување во зависност од нивните способности, интереси и план за понатамошното образование или вработување.