Донација на германска литература од Здружението за македонско – германско пријателство и соработка

Голема благодарност до Здружението за македонско-германско пријателство и соработка, како и до д-р Валентина Илиева, за прекрасната донација на германска литература. Донацијата вклучува книги на македонски и германски јазик од значајни автори од Германија и Австрија.

Преку оваа донација, ние за првпат им нудиме можност на нашите ученици, покрај на веќе постоечката литература на македонски, француски и англиски јазик, да читаат книги и на германски јазик. Ова не само што ќе го збогати нивниот речник, туку ќе им отвори и еден нов свет.

За крај би навеле еден моќен цитат: “Книгата е подарок кој можеш одново и одново да го отвориш.”

Leave a Reply