Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2023/2024 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ брoj 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013; 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 275/2019), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко – информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2018), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на општините и Градот Скопје.
Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2023/2024 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование (природно – математичко подрачје (комбинација А), природно – математичко подрачје (комбинација Б), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б), јазично – уметничко подрачје (комбинација А), јазично – уметничко подрачје (комбинација Б), стручно образование (техничко образование со четиригодишно траење, стручно образование за занимање со тригодишно траење и стручно оспособување двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко – информатичка гимназија.
Наставата во јавните средни училишта се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.
Учениците кои се образуваат во нашето училиште се здобиваат со диплома од соодветната струка и степен на стручна оспособеност и ќе можат да се вработуваат како економски техничари и техничари за е- трговија и дигитален маркетинг.
Завршените ученици од образовните профили од економска струка можат да најдат вработување во фирми и претпријатија, банки и други трговски друштва, како и во јавната администрација чија основна дејност е производство или вршење на услуги.
Сите овие ученици кои со успех ќе го завршат средното образование и обука имаат можност да се вработат во АТ компании јавната администрација и другата администрација во државната управа, судовите, јавните и другите установи, јавните претпријатија трговските друштва, каде ќе ги извршуваат административно-канцелариските и поедноставните правни работи, самостојно или како асистенти и другите стручни лица кои ја водат работата.
Освен тоа економските и техничари за е-трговија и дигитален маркетинг се оспособени да основаат и водат сопствен бизнис.
Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Економско – правна и трговска струка – 170 ученици, 5 паралелки
– економски техничар мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум