Наградени на литературниот конкурс “Рацете во портокалово срце”

Сите ние сме против насилството врз жените и девојчињата!
Насилството врз жените и девојчињата е насилство врз целото човештво и за тоа не треба да има место во Европа или на друго место во светот. И покрај нашата посветеност, сепак сме далеку од победа над овој предизвик. Насилството врз жените се случува насекаде, нема безбедно место дури ни дома. Напротив. Жените се мета дома, на работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, при раселување и миграција и се повеќе преку интернет со компјутерско насилство и говор на омраза.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола распиша литературен конкурс насловен „Рацете во портокалово срце“, настан кој е во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ .
На овој конкурс со својата литературна творба „ ЖЕНА Е ТАА„ повторно блесна  нашата ученичка Марија Стојановска која е секогаш поддржана од нејзиниот професот-ментор Лидија Анастасовска. 
И двете беа наградени на овој литературен конкурс.
 
 

Leave a Reply