Отворен ден по повод 100 години постоење на училиштето

На ден 20.4. 2023 година, по повод 100 години постоење на училиштето, од страна на нашите наставници и ученици беше организиран Отворен ден со активности:
  • Положување на цвеќе и оддавање почит пред споменикот на Јане Сандански;
  • Презентација на нашите деловни соработници и реални компании;
  • Младинската организација со нејзината дејност;
  • Презентација на историјата на училиштето и ликот и делото на Јане Сандански;
  • Презентација на ликовни творби од нашите ученици.
На Отворениот ден гости ни беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и ученици и наставници од основните училишта.