Едукативна работилинца по повод светскиот ден на менталното здравје и светскиот ден на девојчињата

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа едукативна работилница за самодоверба по повод Светскиот ден на менталното здравје и Светскиот ден на девојчињата.На работилницата беа вклучени ученички од Средното општинско економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.
Од исклучителна важност е раното детектирање на проблемите кај младите, кои се повеќе се под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, големото количество информации, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за повлекување на младите, социјална изолираност и чувство на неприфатеност. Се почести се случаите на училишен мобинг не толку присутен во минатото, депресија, анксиозност, панични состојби.
Поради тоа и група на девојчиња беа вклучени во едукативната работилница на тема САМОДОВЕРБА.
Можеме да изградиме нова слика за себе, да се почитуваме повеќе, да станеме позадоволни од себе и посигурни во себе. Потребен ни е внатрешен монолог што вели: „Ако сакам, ќе успеам!“, „Јас сум силна“, „Јас имам таленти“, „Вредам затоа што сум неповторлива и единствена“… Да почнеме да се почитуваме повеќе уште денес!
Низ работилницата на овој начин тие стануваа свесни дека како девојчињата имаат потенцијал да го променат светот – како девојчиња денес, но така и во иднина како работници, мајки, претприемачи, ментори, глави на домаќинства и политички лидери. „Среќен светски ден на девојчињата“.

Leave a Reply