Градење на посветла иднина – соработка со реалниот сектор

Компанијата Агроброд како значаен член на КС Групацијата заедно со СОЕУ,,Јане Сандански“ -Битола преземаат нови чекори кон унапредување на образованието и негување на симбиотски однос помеѓу корпоративниот сектор и образовните институции по пат на потпишување  меморандум за соработка помеѓу генералниот директор Илија Илијевски и директорот на  СОЕУ “ Јане Сандански“  Александар Цветкоски.
Овој меморандум ја истакнува големата посветеност на реалниот сектор за општествена одговорност, и дава голема поддршката на образованието преку промовирање можност за стипендирање на учениците како и збогатување на практичната настава на учениците од Средното општинско економско училиште ,,Јане Сандански“ од Битола.
Соработката предвидува повеќе иницијативи од кои директна корист ќе имаат учениците. Компанијата Агроброд ќе понуди стипендии на заслужни ученици, овозможувајќи им непречено да ги остваруваат своите образовни цели. Дополнително, соработката ќе им обезбеди на учениците вредни искуства од реалниот свет преку програмата   „Учење преку работа”  со можност за обавување на феријална пракса во рамките на компанијата. На овој начин  на учениците ќе им се овозможат практични сознанија и вештини клучни за успех во кариерниот развој.
Меморандумот е потврда и доказ за визијата на Агроброд – а тоа е поставување на нови стандарди на општествена одговорност- да се оспособат учениците за влез во реалниот свет. Поврзувањето на училиштето со локалната заедница значи партнерство во реалниот бизнис сектор што носи заеднички придобивки на договорните страни. Преку ова партнрство компанијата ја покажува својата посветеност и општествена одговорност затоа што директно помага во образовниот процес. Од друга страна училиштето ги отвора вратите за реалниот сектор овозможувајќи им на своите ученици да стекнат нови вештини и на тој начин да станат дел од општествената заедница.

Leave a Reply