Во склоп на Патрониот празник на НУ Библиотека “Св. Климент Охридски” издадена книга со творби од нашите ученици

Во рамки на одбележување на Патронатот на НУ Библиотека “Св. Климент Охридски” беа вклучени и нашите ученици под менторство на професорката Лидија Анастасовска.
Слем поезијата, исто така позната како поезија на говорен збор, е динамичен и ориентиран кон изведба стил на поезија што потекнува од 1980-тите. Се карактеризира со неговиот фокус на изговорениот збор, личното изразување и ангажираноста со публиката.
Во рамките на проектот учениците имаа можност да обработуваат дел од темите на слем поезија како што се
– иселувањето на младите
– невработеноста кај младите
– влијанието на политичкиот систем
– семејството како вредност за младите
– љубовта
– Социјалната исклученост
– социјалните медиуми и сл.
Учесниците имаат можност да учат за:
• значењето и употребата на слем поезија
• да го развијат креативниот потенцијал
• да работат на својот настап
• активно да учествуваат на натпреварот
• да учествуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Најдобрите текстови се објавени во мала брошура, автори се;
– Анастасија Китановска
– Бојана Митревска
– Ерзана Фетоска
– Кристина Наумовска
– Марија Спировска
– Марија Стојановска
– Мирјана Бучиноска
– Михаела Јовановска
– Михаела Мартиновска
– Теона Драгарска
– Моника Стојчевска
– Габриела Костадиновска

Leave a Reply