Во соработка со ЦЕФЕ – Македонија на 15.3.2024 год. ученици од СОЕУ ,,Јане Сандански “- Битола учествуваа на натпревар за финансиска писменост и завршна конференција на ,,Fin Yes” проектот. Под менторство на професорката Мирјана Лозановска на натпреварот учениците се претставија успешно покажувајќи ја својата креативност и финансиска писменост. Имаа можност да се дружат и разменуваат искуства со средношколци од Кочани, Штип, Охрид и Битола.
Се надеваме дека во иднина ќе продолжиме со успешна соработка со ЦЕФЕ – Македонија.