Прва награда за нашите ученици на завршниот настан во рамки на проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ во кој учествуваа ученици од основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” – Битола, средните училишта “Јане Сандански” – Битола и “Таки Даскало” – Битола и студентите од факултетот БАС – Битола.
Учесниците работеа во тимови, секој тим претставувајќи го своето училиште.
Активноста се реализираше во рамките на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.