Во просториите на Централата на Стопанска банка а.д. Битола во посета беа учениците од средното Економско училиште во Битола.
Вработените во Стопанска банка а.д. Битола ги запознаа учениците со основните функции и работење на банките, како и со процесот на кредитирање како основна банкарска активност.