На ден 20.4. 2023 година, по повод 100 години постоење на училиштето, од страна на нашите наставници и ученици беше организиран Отворен ден со активности:
- Положување на цвеќе и оддавање почит пред споменикот на Јане Сандански;
- Презентација на нашите деловни соработници и реални компании;
- Младинската организација со нејзината дејност;
- Презентација на историјата на училиштето и ликот и делото на Јане Сандански;
- Презентација на ликовни творби од нашите ученици.
На Отворениот ден гости ни беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и ученици и наставници од основните училишта.