Проект за меѓуетничка интеграија во образованието, се спроведуваше преку интеграција на наставни содржини од МИО во рамки на редовната настава, додатната и дополнителната, и реализација на онлајн работилници за надминување на стереотипи и предрасуди од страна на класните раководители и стручната служба.
Реализиран е проект „Социјална мобилизација на средношколците во Пелагонискиот регион во функција на развој на позитивно однесување кон заштита на животната средина“ во соработка со Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола, а со поддршка од Министерството за животна средина.
Проектот Културно наследство и ИКТ започна во 2019 год. Овој проект е поддржан од Еразмус+. Покрај нашето училиште учесници беа училиштата од Португалија, Турција, Литванија и Романија.
Директорот, наставници и дел од учениците беа дел од овие мобилности.
Од 2 до 10 Октомври нашето училиште беше домаќин. Координатор на проектот беше Емилија Кирјаковска. Беа изведени голем број на активности и работилници поврзани со темата на проектот.
Проектот Полова еднаквост и дигитално општество започна во 2019 год. Овој проект е поддржан од Еразмус+. Покрај нашето училиште учесници беа училиштата од Романија, Бугарија, Италија и Турција. Директорот, наставници и дел од учениците беа дел од овие мобилности.
Од 27 Март до 1 Април нашето училиште беше домаќин. Координатор на проектот беше Ирена Пејчиновска. Беа изведени голем број на активности и работилници поврзани со темата на проектот.
Целта на активностите беше:
– Идентификување на конкретни ситуации во кои можат да влијаат врз подобрување на животот во заедницата преку здружување и организирање;
– Да анализираат придобивки од превземените активности;
– Стекнување на компетенции за граѓанско однесување на учениците.
Активностите се спроведуваа преку Реализација на часови со еколошка содржина во кои беа интегрирани четирите еко стандарди: заштеда на енергија, заштеда на вода, одржување на зградата и здрава средина во училиштето, уреден и еколошки двор.